Користење


GoodFood интернет сајтот може да се користи во согласност со овде наведените услови и правила. Со користeњето на сајтот GoodFood се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила.

Услови


Условите за користење на системот се дефинирани со следниве параметри: регистрација на купувач, нарачка, подготовка, испорака. За купувач се смета секоја личност, вработена во одредена организација која има склучено договор за користење на системот. Купувачот преку електронски пат нaрачува ручек во вредност колку што е дневниот лимит дефиниран од комапијата во која работи. Сите цени се изразени во македонската национална валута (ден) со вклучен ДДВ.

Нарачка


Производите се нарачуваат по електронски пат со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка . Производите се сметаат за нарачани во моментот кога купувачот избере, нарача и ја потврди нарачката. GoodFood се обврзува да ги испорача сите нарачани производи за време на паузата за ручек. Нарачките се прават од денес за утре, т.е. купувачот нарачува ручек за утрешниот ден. Притоа, нарачките се примаат до 17ч. во тековниот ден.

Цени


Цените важат на денот на испорака.

Испорака


Нарачката ја доставуваме со сопствени возила.

Изјава за заштита и чување на личните податоци од неовластено користење


GoodFood се обврзува да ги заштити податоците на своите корисници. Ги регистрираме само основните податоци потребни за непречена работа и истите ги користиме за информирање на корисниците за начинот на нивното користење. Сите податоци за корисниците строго се чуваат и достапни се само на оние лица кои ги извршуваат непосредните активности вклучени со корисниците. Сите лица во GoodFood и фирмите партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.