Политика за приватност


Нашата политика за приватност опфаќа разни начини на кои GoodFood ги третира информациите што ги доставувате при користење на веб-сајтoт за нарачка. Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на вашите потреби како поединец и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработкаа на личните податоци на Република Македонија од страна на ДЗЛП.. Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност која е истакната на GoodFood Вашето користење и/или регистрација на кој било дел од веб-сајтот значи дека ја прифаќате нашата Политика на приватност. Доколку не се согласувате со оваа Политика на приватност, Ве молиме да не го користите веб-сајтот. Не прифаќаме каква било одговорност за штетите што настанале при склучување договор, водење судска постапка или друго, доколку штетата настанала поради користење или неможност за користење на нашата страница или поради одлука која била донесена како резултат на посета на страницата. Со исклучок на материјалите кои се од правен карактер останатите материјали претставуваат наши гледишта и ставови - тие не се правен или стручен совет. Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Вашето користење на сајтот подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.

Кои податоци ги прибираме?


Ние прибираме информации за Вас кога се регистрирате на нашата веб страна и кога правите нарачка. Кога нарачувате или се регистрирате на нашиот веб сајт, можно е да побараме од вас, да ги внесете следните информации: име и презиме, е-маил адреса, адреса, телефонски број. Вие можете, исто така, да го посетувате нашиот веб сајт анонимно. GoodFood има пристап до основните податоци како име и презиме, телефон, адреса, е-маил, но нема пристап до вашите осетливи податоци, како платежна картичка и/или број на банкарска сметка. Серверите на кои е поставен сајтот може автоматски да прибираат информации за Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, и Вашата интернет протокол ("IP") адреса. Oвие информации не се користат од страна на GoodFood

Како ги користиме вашите податоци?


Било кој податок, даден од ваша страна може да биде искористен на еден од следниве начини:
- За да ви овозможиме пристап до веб продавницата и за да се исполни и процесира вашата нарачка
- За процесирање на трансакции Вашите информации, дали јавни или приватни, нема да бидат продадени, разменувани, пренесувани или дадени на друга компанија од било која причина без ваша согласност, освен исклучиво за испорака на купениот прозивод или услуга побарана од ваша страна
- За испраќање на периодична е-пошта со информација или промена во однос на нарачката, промоции, анкети или други слични функционалности на веб сајтот со претходна Ваша согласност
- На сите Ваши пораки преку е-пошта ќе Ви биде одговорено на истата email адреса од која сме го добиле барањето. Нема да ја користиме таа адреса за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната - одговор на Вашето барање.

Дали ние доставуваме некакви информации на надворешни субјекти?


Ние не продаваме, не тргуваме или на друг начин не пренесуваме лични податоци на надворешни субјекти. Ова не ги вклучува доверливите трети страни кои ни помагаат за функционирање на нашиот веб сајт, ни го водат бизнисот, или ве сервираат Вас, се додека тие страни се согласни да ја чуваат тајноста на податоците. Вашите информации може да бидат предадени во случај кога веруваме дека тоа е адекватно и е во согласност со законот, е во склад со нашите политики на веб сајтот, или ги заштитува нашите или туѓите права, имот и безбедност. Како да не контактирате? Доколку има прашања во врска со Политиката за приватност, Вие може да не контактирате преку формата за контакт, преку е-пошта на goodfood.mkd@gmail.com или на телефонот за контакт XXX XXX XXX.